ноември 4, 2026

Градоначалникот Гоцевски како добар домаќин ги пречека денеска градоначалниците од Источниот плански регион во Делчево

808823696_4637766433122478_6158920721665264026_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

11-те градоначалници од Источниот плански регион во присуство на Директорот и дел опд вработените на Центарот за развој на Источниот плански регион и во присуство на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во Мултимедијалниот центар во Делчево ја оджаа 5‑та седница на Советот на градоначалници на ИПР.

Како добар домаќин Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ги поздрави останатите 10 градоначалници и останатите гости кои беа дел од оваа седница и им посака пријатен престој во Делчево.

Тоиј во врска со овој денешен работен настан упати своја порака преку социјалните мрежи чиј што текст го пренесуваме интегрално:

“Ми претставува особена чест и задоволство што денеска во Делчево ја одржуваме Петтата седница на Советот за развој на Источниот плански регион.

Посебно е значајно е што денеска на Седницата во Делчево присуствува почитуваниот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски, бидејќи можеме да разговараме за темите кои се важни за идниот развој на нашиот регион.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Посебно, во време кога дигиталната трансформација станува еден од клучните двигатели на развојот, особено е важно локалните самоуправи да бидат дел од тој процес. Дигиталните услуги, современите технологии, подобрата поврзаност и пристапот до информации не се само прашање на технологија – тие се прашање на поквалитетни услуги, поголема ефикасност и подобар живот за граѓаните.

Источниот плански регион има огромен потенцијал. Имаме природни ресурси, културно наследство, вредни луѓе, млади со идеи и локални самоуправи кои секојдневно работат на подобрување на условите за живот. Но, потенцијалот сам по себе не е доволен. Потребни се визија, заедничка работа, добри проекти и силна институционална соработка.

Токму затоа, улогата на Советот за развој на Источниот плански регион е исклучително важна. Ова е место каде што ги поврзуваме потребите на општините, ги усогласуваме приоритетите и создаваме можности за проекти кои имаат регионално значење.

Од Делчево денеска испраќаме порака дека развојот нема граници меѓу општините. Кога работиме заедно, кога ги споделуваме знаењето, искуствата и ресурсите, тогаш создаваме посилни општини и посилен регион.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалниот Гоцевски.

–Од Делчево денеска испраќаме порака дека развојот нема граници меѓу општините. Кога работиме заедно, кога ги споделуваме знаењето, искуствата и ресурсите, тогаш создаваме посилни општини и посилен регион. Во време кога дигиталната трансформација станува еден од клучните двигатели на развојот, особено е важно локалните самоуправи да бидат дел од тој процес, нагласи Гоцевски.

Градоначалникот Гоцевски ја пренесе Иницијативата од младинските совети од Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица за воспоставување регионален кариерен центар за млади на ниво на ИПР. Иницијативата ќе биде ставена на Дневен ред на  наредната седница на Советот.

На денешната Седница, беше донесена Одлука за усвојување на Патоказот за зелена агенда за Источен плански регион 2025–2030 година од Центар за климатски промени, како и Одлуката за одобрување на експертскиот/координативен тим формиран од Центарот за развој на Источен плански регион; Исто така, беше разгледана и информацијата за реализација на проектот „Ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија за Ски центар Царев Врв со идеен проект“, а главна тема беше и дискусијата за  проектот Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион;

За авторот на оваа објава