ноември 4, 2026

Плодната културна понуда на Центарот за култура во Делчево продолжува со убавите изненадувања за публиката

806050682_1687886940003817_3669177013902481703_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево по богатото лето на културни настани кои што го примамија вниманието на пошироката публика и во месец септември продолжува со богата културна понуда за сечиј вкус и внимание.

Ма репертоарот на програмата Центарот за култура од Делчево за вторник 15 Септември со почеток во 19.30 часот во фоајето на Спомен домот АСНОМ же приреди еден монументален камерен концерт на Дуото Милонга на класична гитара составеноп од Александра Кировска и Дејан Лазаревски.

Овој целовечерен концерт се реализира во рамки на годишната програма на проекти од национален карактер и значење со поддршка на Министерството за култура и туризам а влезот за настанот за сите посетители е бесплатен.

“НУЦК „икола Јонков Вапцаров“ – Делчево Ве поканува на камерен концерт на дуото класична гитара „Дуо Милонга“, составено од Александра Кировска и проф. Дејан Лазаревски.

На концертот публиката ќе има можност да ужива во уметноста на класичната гитара, преку музичка интерпретација на двајца исклучителни музичари со богато концертно искуство.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

 Александра Кировска е млада и талентирана гитаристка, која уште од најрана возраст покажува исклучителен интерес и надареност за музиката. Таа има настапувано на бројни концерти, натпревари, фестивали и семинари во земјата и странство, како солист и како дел од камерни состави. Во својата кариера има соработувано со реномирани музичари и настапувано со Македонската филхармонија, како и на значајни меѓународни музички настани.

 Проф. Дејан Лазаревски е вонреден професор по гитара на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Своето музичко образование го стекнал во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Од 2009 година активно работи како професор по гитара, а истовремено настапува како солист и камерен музичар на бројни концерти и фестивали во земјата и странство.

Посебно внимание ќе биде посветено на „Дуо Милонга“, во кое класичната гитара добива нова димензија преку заедничката интерпретација на двајцата уметници.

 15 септември 2026 година

 Почеток: 19:30 часот

 Фоаје на Спомен Дом АСНОМ – Делчево

Ве очекуваме на вечер исполнета со класична музика, виртуозност и уметничка емоција! 

Проектот е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам.”

- стои во соопштението на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во врска со овој настан.

За авторот на оваа објава