ноември 4, 2026

Како по традиција градоначалникот Гоцевски започна со средби со жителите на сите населби во општина Делчево токму од село Разловци

razlovci_sostanok
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во текот на вчерашниот ден ја најави и започна да ја спроведува новата акција “Очи во очи со граѓаните” преку која на само една година од својот мандат тргнува да ги посети сите населени места во функција на директна комуникација за изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочуваат самите жители.

Оваа акција градоначалникот вчера вечер ја започна токму од селото Разловци каде што со жителите на ова село имаше можност да поразговара за актуелните потреби и планирани проекти и активности за реализација.

“ОЧИ ВО ОЧИ СО ГРАЃАНИТЕ – ВЕЧЕРВА ВО РАЗЛОВЦИ

Вечерва, заедно со тимот од Општина Делчево, бев во посета на село Разловци, каде што одржавме конструктивна средба со мештаните и отворено разговаравме за нивните потреби, предлози и проблеми.

Средбата се одржа во целосно обновениот Спомен-дом во Разловци, проект кој го ветивме пред граѓаните и кој денес е реализиран. Особено ми е драго што овој значаен објект повторно е ставен во функција и служи токму за она за што е наменет, да биде место за средби, разговори и заедништво на жителите на Разловци.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Најголем акцент на средбата ставивме на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, кој сериозно го отежнува секојдневието на жителите.

Се договоривме уште во понеделник стручни екипи да излезат на терен, детално да ја анализираат состојбата и да ги лоцираат причините за проблемот. Потоа очекувам да добиеме конкретни предлози и можни решенија врз основа на кои ќе можеме да преземеме соодветни мерки.

Нема да ветуваме решенија преку ноќ, но ќе работиме посветено и одговорно за да дојдеме до трајно решение на проблемот со водата во Разловци.

Продолжуваме со теренските средби – директно, очи во очи со граѓаните, таму каде што проблемите треба да се слушнат и решаваат”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски во врска со почетокот на оваа нова акција за подобар сервис кон граѓаните од страна на општината.

За авторот на оваа објава