ноември 5, 2026

Најава за промоција на новиот Туристички културен информатор на Делчево

turisticki_kulturen_informator_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во понеделник во 10.30 часот претпладне во Градоначалникот на опшптина Делчево Иван Гоцевски во придружба на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на НУКЦ “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски ќе го промовираат во јавност новиот Туристички културен информатор на општина Делчево.

Новата канцеларија преку која ќе се промовираат и афирмираат туристичките и културните потенцијални на Делчево и Пијанец ќе биде и место каде што ќе може да се промовираат и локалните институции, здруженија на граѓани и бизнис секторот/ Таа се наоѓа во склоп на Градската кино сала во центарот на Делчево на најфрекфентниот Булевар “Методи Митевски Брицо”

“Почитувани, Центарот за култура “Никола Јонков Вапцаров” — Делчево Ве известува дека во понеделник, 14 септември, со почеток во 10:30 часот, ќе биде отворен првиот Туристички културен информатор во Делчево, на настан на кој ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Делчево г‑дин Иван Гоцевски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Туристичкиот културен информатор е осмислен како современо место за промоција и афирмација на туристичките потенцијали на Делчево и Пијанец, со посебен акцент на локалното природно и културно наследство, традицијата и автентичноста на регионот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Овој проект НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево го реализира во соработка со Општина Делчево и со поддршка од Министерството за дигитална трансформација.

Преку современи дигитални решенија, информаторот ќе овозможи поголема достапност на информации за локалните знаменитости, природните и археолошките раритети, културното наследство, традицијата и туристичките можности на Делчево и Пијанец.

Овој проект претставува значаен чекор кон современа, дигитална и поефективна туристичка промоција, со цел Делчево да стане уште попрепознатлива и атрактивна туристичка дестинација на локално, национално и меѓународно ниво.

Со заедничка посветеност и партнерство, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и Општина Делчево, со поддршка од Министерството за дигитална трансформација, продолжуваат со создавање нови можности за промоција на културното наследство, туризмот и потенцијалите на Делчево и Пијанец.

📌 14 септември | 10:30 часот

📍 Туристички културен информатор – Делчево”

-напишаа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево на социјалните мрежи како најава за овој претстоен настан.

За авторот на оваа објава