ноември 4, 2026

Стотици делчевчани од кои најмногу дечиња денес на улиците на Делчево го најавија раѓањето на нашиот Господ Исус Христос

608804031_1448606007264522_7003996145336333826_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Стотици дечиња, понекои од нив со нивните родители и наставнички денеска продефилираа во Делчево со песна и детски џагор да го најават Христовото Раѓање- Божиќ.

Пеејќи ја песната Вечниот Бог предводени од детскиот хор при градската црква Пресвета Богородица , носејки ја во рацете ѕвездата-симбол која го најавила раѓањето на Божјиот Син во витлеемската пештера пред 2026 години, најмладите жители на Делчево традиционално беа дел од Бадниковите поворки кои што се реализираат во 80 населби ширум државата.

Настанот започна во дворот на градската црква во Делчево по што река дечиња тргна по улиците во централното градско подрачје во Делчево, за потоа пак да завршат во црквата Пресвета Богородица.

Овде беа пречекани од Епископот делчевско-каменички Господин Марко и Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кои на сите дечиња им подарија божиќни пакетчиња.

По завршувањето на Бадниковата поворка во Делчево свои изјави за јавноста дадоа Епископот Марко и Градоначалникот Гоцевски.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава