ноември 4, 2026

Во Делчево утре најмладите со Бадникова поворка по улиците во Делчево ќе го најават раѓањето на Нашиот Бог Исус Христос

607981588_918055593883561_9049307058462487968_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Утре жителите на Делчево ќе може да посведочат на преубав христијански настан со кој најмладите жители на Делчево ќе го најават раѓањето на Нашиот Бог Исус Христос.

Од Градската црква “Пресвета Богородица” во Делчево ќе трге Бадниковата поворка со која дечињата преку песна и многу-многу детска љубов пред сите граѓани на Делчево ќе го најават еден од најголемите православни христијански празници Божиќ.

Бадниковата поворка ќе започне од дворот на градската црква во 11.30 часот а на најмладите некаде околу 12.00 часот ќе им се придружи и Епископот делчевско-каменички Марко кој пред тоа ќе служи литургија во храмот Св. Богородица во Македонска Каменица

Годинава, Бадниковите поворки ќе се одржат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави, обединувајќи илјадници деца, семејства и заедници во духот на радоста, светлината и заедништвото на празникот.

Централната Бадникова поворка се одржува во Скопје.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Делчево веќе повеќе години со благослов на свештените лица на епископијата е дел од овој преубав христијански настан исполнет со многу заедништво и топлина која ги грее срцата на сите присутни.

За авторот на оваа објава