
Денеска во раните утрински часови во градската црква “Пресвета Богородица” во Делчево се одржа Света Божиќна литургија со која чиноначалствуваше Епископот делчевско-каменички Господин Марко .
По обзнанувањето на веста дека “Христос се роди” Епископот Марко одржа света Проповед пред присутните граѓани кои го беа исполниле православниот храм,
а во рамки на настанот беше прочитана и Божиќна Посланица од Светиот Архиерејски Синов на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија и Неговото Преосвештенство Господин Господин Стефан.
Дел од настанот беше и градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски заедно со неговата сопруга кои што на крај на литургијата ги примија светите божествени дарови на причест.
Градоначалникот Гоцевски преку социјалните мрежи упати своја честитка по повод Божиќ до сите верници.
“Денес сите православни христијански патишта водеа кон нашите духовни храмови, темели на нашата вера.
Зборот Божји пренесен преку нашиот владика Епископ делчевско-каменички Марко денеска го објави раѓањето на нашиот Бог Исус Христос.
Исполнетата градска црква “Пресвета Богородица” во Делчево ми дава за право да констатирам дека нашата жива православна црква има светла иднина.
На сите православни христијани им го честитам денешниот празник посветен на Христовото раѓање- Божиќ, со желби за мир, спокојство, духовна исполнетост и радост, здравје и благосостојба во секое семејство.
Нека е за многу години.”
Христос се роди.
-напиша на својата фејсбук страница Иван Гоцевски- Градоначалник на Дelчево.
Целата наша фото галерија од денешниот настан во Делчево може да ја погледнете во продолжение:
