Се збогатува прекуграничната соработка меѓу Делчево и Благоевград: Настап на ФГ “Вапцаров” Делчево пред публиката од соседниот град преку границата
Членовите на фолклорната група “Вапцаров” која повеќе од 15 години активно работи при Националната установа центар за култура “Никола Јонков Впацаров” Делчево и е достоен репрезент на пијанечкиот и Македонскиот фолклор, имаше свое забележително учество на меѓународниот фолклорен фестивал “Шарено цвете” кој се одржува во Благоевград.
Младите играорци и фолклористи на сцената пред многубројната публика и градоначалникот на Благоевград се претставија со неколку кореографии преку кои уште еднаш ги прикажаа раскошот и убавината на Македонскиот фолклор.

“Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево настапи на првата фестивалска вечер од Меѓународниот фолклорен фестивал „Шарено цвете“, кој се одржува во Благоевград, Република Бугарија.
Пред бројната публика, членовите на групата се претставија со македонски народни игри и песни, промовирајќи ја богатата фолклорна традиција и културното наследство на Македонија.
Фестивалот обединува учесници од повеќе земји и претставува значајна можност за културна размена и претставување на народното творештво.
#ШареноЦвете#Благоевград#НУЦКНиколаЈонковВапцаров#Делчево#Фолклор#Култура”
-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во врска со оваа нивна меѓународна активност.

Соработката меѓу институциите во Длечево и институциите во Благоевград се интензивиреше на повеќе полиња, покрај културата и на полето на економијата, стопанството и бизнисот, по неодамнешните средби на градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски и неговиот бугарски колега од Благоевград. Ваквата соработка се очекува да продолжи уште поинтензивно да се развива во периодот кој следи.
