Градоначалникот на Делчево Гоцевски порача дека е важен фидбекот на преземените мерки во областа на ЛЕР за да има мерлив напредок на општината
Денеска во мултифункционалниот центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево, во организација на службените лица задолжени за Локален економски развој во општина Длечево и експерт за стратешко планирање беше спроведена втората јавна работилница за креирање на новата 4 годишна Стратегија за Локален економски развој на општина Делчево 2026–2030 година.
На работилницата беа предложени приоритетни проекти за реализација на присутните граѓани на настанот кои што предлагаа проекти класифицирани во 4 столбови.
Вака предложените проекти понатаму ќе бидат обработени преку внатреопштинска анализа и ќе добијат соодветен третман во генерирањето на стратешкиот план за работа на општина Делчево, стопанството и невладиниот сектор за наредните 4 години.
Донесувањето на овој стратешки документ е од базично значење за реализацијата на проектите кои што ќе овозможат развој на општината на различни полиња во наредниот период.
На почетокот на настанот кој започна во 12.30 часот се обрати и Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски кој што ја истакна потребата од квалитетна изработка на документот но и неговите определби за постојано мерење на ефектите од преземените мерки и активности од самиот градоначалник и општинската администрација со цел да има реални индикатори за самиот развој на општината, локалната економија и стопанство.
Градоначалникот накраток во своето обраќање ја објасни во контекст на Локалниот економски развој и улогата на Бизнис форумот на Општина Длечево кој што исто така за првпат се реализира во поширок обем со конкретни програмски активности.
Исто така градоначалникот Гоцевски го најави формирањето на Советот за развој на туризмот во општина Делчево како посебна доминантна гранка од ЛЕР на кој што општина Делчево под раководство на градоначалникот Гоцевски полага голема улога во актуелните јавни политики.
Оваа практика и концепција за работа на општина Делчево за првпат се воспоставува од страна на Градоначалникот Гоцевски и неговиот тим, како институционална основа за реални индикации за ефектот од работата на сите инволвирани страни во локалната економија и проектирање на предвидливи политики за развој на среднорочен и долгорочен план.
Целото обраќање на градоначалникот Гоцевски е достапно на нашата фејсбук страница во сл. видео во продолжение:
