Учениците од ООУ “Ванчо Прќе” Делчево се запознаа со филмската дејност на НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево
Во рамките на наставната тема „Медиумска култура“ по македонски јазик, учениците од прво одделение при ООУ „Ванчо Прке“ Делчево ја посетија кино салата при НУ Центар за култура„Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево.
При посетата, најмладите ученици имаа можност да се запознаат со изгледот и функцијата на една кино сала, како и да дознаат повеќе за улогата на киното како медиум и културна институција.
За дополнително збогатување на нивното искуство, на учениците им беше прикажан детски цртан филм, кој го проследија со голем интерес и внимание.
НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ секогаш ги поддржува ваквите едукативни посети кои придонесуваат за развојот на културните навики и љубовта кон уметноста кај најмладите.
📸 Благодарност до учениците и наставниот кадар од ООУ „Ванчо Прке“ за посетата.
Секогаш сте добредојдени! 😊
