Градоначалникот Гоцевски во посета на дијаспората и Градоначалникот на Ешалан, Швајцарија, интензивни контакти за воспоставување и унапредување на меѓународната соработка на Делчево

FB_IMG_1780570375825
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалниот на општина Делчево Иван Гоцевски на покана на Македонската заедница во Швајцарската конфедерација ќе присуствува во работна посета на Ешалан.

Во рамки на работната агенда Градоначалникот Гоцевски ќе се сретне со припадници на Македонската заедница во овој дел од Швајцарија од кои голем дел се по потекло од Делчево со цел за вмрежување и понатамошна планирана соработка во функција на развојот на самата заедница во Швајцарија, нивната соработка но и локалниот економски развој на Делчево.

Исто така градоначалникот Гоцевски ќе има средба и со градоначалникот на Ешалан кано и претставници тамошните институции и од бизнис заедницата во Ешалан.

“Со особена чест и задоволство ја прифатив поканата од Друштвото Македонија од Ешаленс за присуство на традиционалниот настан „Македонски ден“ во Швајцарија.

Оваа покана претставува големо признание, но и можност за дополнително зајакнување на врските со нашите иселеници, кои и покрај далечината остануваат нераскинлив дел од нашата татковина. Македонците во дијаспората се наши амбасадори низ светот, а нивната љубов кон Македонија е пример за посветеност и патриотизам.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Во рамки на посетата ќе остварам повеќе значајни средби, меѓу кои со градоначалникот на Ешаленс, раководството на Друштвото Македонија од Ешаленс, претставници на локалните институции и организации, како и со голем број наши сограѓани кои живеат и работат во Швајцарија.

Убеден сум дека овој прекрасен настан ќе биде уште една потврда за силното македонско единство, без разлика каде се наоѓаме, и ќе придонесе за продлабочување на пријателствата, соработката и врските меѓу нашите луѓе и институции.
Со нетрпение очекувам да бидам дел од „Македонски ден“ и заедно да ја прославиме македонската традиција, култура и заедништво”

-напиша на социјалните мрежи во врска со оваа посета Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава