ноември 4, 2026

Распишан тендерот за физибилити студија за изградба на експресен пат А3 делница, Кочани – Виница – Делчево

52a30458-fe40-41ad-801e-91f44ed31fc9_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на социјалните мрежи ја пренесе информацијата дека е распишан тендерот за избор на најповолен понудувач кој што ќе го изработи идејниот проект и физибилити студујата за за изградба на експресен пат А3 делница, Кочани – Виница – Делчево.

Покрај овој можеби и најзначаен проект за развојот на Делчево, Пехчево и Берово и Македонска Каменица од Јавното претпријатие за државни патишта објавија повеќе друг проекти за реализација кои се однесуваат на Делчево.

“На крајот на месец јуни, слободно можеме да констатираме дека пристигнуваат одлични вести за Делчево и целиот источен регион!

Во тек се неколку значајни јавни набавки во системот на Јавното претпријатие за државни патишта кои претставуваат сериозен чекор кон подобра, побезбедна и помодерна патна инфраструктура:

✅ Изработка на идеен проект и физибилити студија за изградба на експресен пат А3 делница, Кочани – Виница – Делчево

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

✅ Рехабилитација на државен пат А3 делница, Делчево — Граничен премин со Република Бугарија

✅ Санација на критични мостови согласно добиениот предмер од Ситетемот за управување со мостови — M134603, M136302, M160501, M153802, M157704 и M128501(Пехчево, Митрашинци, Делчево, Кучевиште, Карбинци и кај Бигорски)

*ЗА МОСТОТ НА ул. ИНДУСТРИСКА

✅ Надзор на санација на критични мостови согласно добиениот предмер од Ситетемот за управување со мостови — M134603, M136302, M160501, M153802, M157704 и M128501(Пехчево, Митрашинци, Делчево, Кучевиште, Карбинци и кај Бигорски)

*ЗА МОСТОТ НА ул. ИНДУСТРИСКА

✅ Санација на пропуст на магистрален пат А3, делница: Македонска Каменица – Делчево, стационажа 296+185

*ЗА МОСТОТ НА ЦРКВЕНСКА РЕКА

Овие проекти се важен предуслов за подобра поврзаност, поголема безбедност во сообраќајот и создавање услови за економски развој на Делчево и источниот регион.

Владата и премиерот Hris­ti­jan Mick­os­ki преку Јавното претпријатие за државни патишта и директорот Коце Трајановски посветено работат за инфраструктура што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе обезбеди подобра иднина за нашиот крај.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски

За авторот на оваа објава