НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во континуитет бележи подобрување на своите стандарди на работење
Минатата 2025 година менаџментот на Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево поднесе рекорден број на проекти за финансирање во рамки на годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2026 година. Реализицијата на дел од овие добиени проекти за оваа тековна година во одреена мера е завршена, но следува реалзација на можеби оние најзначајните проекти кои се финансирани од буџетот на Министерството и Владата. Така како еден од најзначајните проекти престои реализацијата на Меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки Фолклорни средби” кој се реализира од страна на НУЦК “НЈ Вапцаров” Делчево со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам а под покровителство на Градоначалникот на општина Длелчево, за кој најавата е дека за оваа година се подготвуваат неколку изненадувања поврзани со овој фестивал.
Оваа тековна 2026 година НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево работеше напорно во изминатите неколку месеци покрај имплементацијата на предвидените проекти и на подготовка на проектна доументација за реализација на проекти од национален интерес во наредната 2027 година
“НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево ја подготви Нацрт-годишната програма за работа за 2027 година, која содржи вкупно 54 проекти од различни области на културата и уметноста.
Според предвидената распределба, програмата опфаќа:
* 11 проекти од областа на музичката и музичко-сценската дејност;
* 10 проекти од областа на фолклорната дејност;
* 5 проекти од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот;
* 11 проекти од областа на манифестациите и фестивалите;
* 5 проекти од областа на меѓународната дејност;
* 5 проекти од областа на драмската дејност (аматеризам);
* 1 проект за инвестициско и тековно одржување.
Со предложените активности, Центарот за култура има за цел да понуди разновидна и квалитетна културна програма, да го поттикне уметничкото творештво, да го зачува и афирмира културното наследство и да придонесе за збогатување на културниот живот во општина Делчево.
По усвојувањето од страна на Управниот одбор на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Нацрт-годишната програма за 2027 година е доставена до Министерството за култура и туризам, каде ќе биде разгледана во постапката за донесување на Годишната програма од национален интерес во културата за 2027 година.”
-информираа ид НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево во врска со поднесените предлог проекти за реализација за наредната 2027 година.

