ноември 5, 2026

Иселениците од с. Град, делчевско на 5 август сред село на ќе се сретнат да се извидат и да се повеселат на традиционалната Иселеничка вечер 2026

448f72b0-c381-4a09-934d-827b59c2f281
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Со многу чуство за заедништво, со многу емоција и со желби и надеж за вечно сеќавање и почит кон родното место и оваа 2026 година иселениците од село Град ќе се сретнат на овогодинешната “Иселеничка вечер 2026”.

Настанот за кој многумина во дијаспората од село Град работат и го очекуваат цела година ќе се случи на спортското игралиште во дворот на подрачното училиште “Св. Климент Охридски” во село Град на 5 август со почеток во 19.00 часот.

За убавата и незаборавна весела атмосфера веќе се ангажирани “АСТРА БЕНД” со прекрасната Сања Цинцева а иселениците заедно со месната заедница на село Град најавуваат и редица други изненадувања за сите присутни.

Традиционално на настанот ќе се служи скара и традиционални специјалитети, така што секој гостин ќе може да го почуствува духот со кој што живее селото Град како во самото село, така и насекаде каде што ги има “граждање”.

Овогодинешната Иселеничка вечер во село Град е јубилејна 15 по ред што ја организираат иселениците, а на настанот се очекува присуство и на значајни општествени дејци во државни и светски рамки кои што потекнуваат од селото Град или на било кој начин се поврзани со селото.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Оваа година настанот се реализира со логистичка и материјална симболична поддршка од Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кој како и досега не испушта можност да биде дел од овој преубав настан и традиција.

За авторот на оваа објава