Традицијата и Македонскиот фолклор во Делчево градат успешни луѓе: Еве зошто е корисно да се биде дел од фолклорна група
Денеска во просториите на Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево прием во кабинетот на директорот Златко Начовски имаа првенките на генерацијата од двете општинскио основни училишта од Делчево.
Ирина и Сара се долгогодишни членки на фолклорната група “Вапцаров” која што работи при НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево каде што заедно со своитемлади колеги и колешки меѓу изучувањето на Македонскиот фолклор се учат и на ред и дисципллина што сигурно има голема заслуга за нивниот постигнат личен успех.
“Директорот на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево денес имаше чест да ги прими првенците на генерацијата од двете основни училишта во нашиот град – Ирина и Сара, како признание за нивниот извонреден успех, труд и посветеност.
Особено сме горди што Ирина и Сара се и долгогодишни, активни и посветени членови на Фолклорната група при НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево. Со својата љубов кон македонската традиција, одговорност и талент, тие достојно го претставуваат нашиот Центар и се вистински пример за младите генерации.
Од срце им честитаме за ова големо признание и им посакуваме многу здравје, среќа, нови успеси и остварување на сите нивни соништа. Нека ова биде само почеток на еден успешен и исполнет животен пат.”
-информираа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево со нивно соопштение во јавност.
