ноември 4, 2026

Осцилации во количините на вода и застареноста на водоводната мрежа причини за технички дефект во село Град, надлежните интензивно работат и ја следат ситуацијата

selo_grad_panorama
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Во тек се технички интервенции за санирање на техничките проблеми со водоснабдителниот систем за село Град. Будно ја следиме состојбата за можни понатамошни дефекти

Со оптимализација на водоводната мрежа за водоснабдување на домаќинствата во село Град што ја преземавме како претпријатие изминатите месеци и постојаниот прилив на вода кој што осцилира во овој период од годината, системот беше изложен на притисочни девијации и со тоа на инцидентни оштетувања на зафатите за каптирање на приливната вода во водоводниот систем на селото. Дополнително ја информираме јавноста дека осцилациите во притисокот во мрежата предизвикува проблеми врз делови од дотраените водоснабдителни делници како што беше случај со локалната хаварија која предизвика заматување на водата во селскиот водоснабдителен систем.

Пред некоку денови од страна на нашите стручни служби беше евидентиран дефект на главниот доводен систем, односно на каптажата и зафатот за вода и магистралниот цевковод што ја транспортира водата до резервоарот од кој се снабдува с. Град. Причина за ваквата состојба е евидентираната осцилација на количината на водата кои влегуваат во системот.

Резултат на ваквиот инцидентен технички дефект беше заматување на водата која се дистрибуира до домаќинствата. Дополнително, на ситуацијата негативно се одразија и последните обилни врнежи кои придонесоа за зголемена матност на водата на самиот зафат на вода и каптажа, што дополнително влијаеше врз квалитетот на водата во дистрибутивната мрежа.

Како надлежно претпријатие постапуваме по сите законски стандарди за надминување на оваа неповолна состојба и ги имаме предвид сите околности за ситуацијата.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Согласно моменталната состојба водата во водоснабдителниот систем во село Град НЕ се препорачува за пиење и подготовка на храна од страна на граѓаните.

Надлежните служби континуирано вршат анализа на сите здравствено-технички параметри, особено параметарот матност, и ги преземаат сите соодветни мерки сè до целосно нормализирање на квалитетот на водата.

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на ЈКП “Брегалница” Делчево

За авторот на оваа објава