Градоначалникот Гоцевски, Месната заедница и Здружението на иселеници во село Град се натпреваруваат кој повеќе ќе сработи за селото
Градоначалникот Иван Гоцевски упати апел до сите месни и урбани заедници на територијата на општина Делчево да го следат примерот на Месната заедница на село Град со иницијативи и постојана вклученост во комуникација и соработка со локалната самоуправа, да си обезбедат подобри услови за живот но и за развој во периодот кој следува.
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски вчера на социјалните мрежи сподели видео во кое се гледаат сите позиции на кои што Локалната самоуправа под негово раководство реализираше повеќе активности за подобрување на стандардот за живеење за жителите во село Град.
Станува збор за одржување на јавни површини, паркот во центарот на селото, речното корито, јавната чистота итн.
Истовремено на социјалните мрежи и Месната заедници и здружението на иселеници од село Град споделија свои фотографии за позициите на кои што тие самите инвестираат свои сретства во подигање на нови дрвни насади, нивно одржување, чистење на дива вегетација. уредување и одржување на црковните дворови итн…
Со ваквите активности селото Град почна да го предводи позитивниот ефект на здружениот граѓански активизам во подобрување на сопствениот живот во локалната заедница, пред сите други месни и урбани заедници.
Во таа насока во континуитет се реализираат и повеќе граѓански иницијативи за развојот на туризмот во селото и условите за развојна стопанството а ваквите иницијативи веќе се влезени во програмите на општина Делчево и Градоначалникот Иван Гоцевски.
Но од месната заедница и здружението на иселеници велат дека нема да зборуваат предвреме за секоја активност, туку истите ќе бидат објавувани кога ќе започне нивната реализација.

“Сe покажа целисходна одлуката да доделам посебно признание на Месната заедница во село Град по повод празникот Св. Кирил и Методиј- Светители и покровители на Делчево.
Како добитници на посебно признание за општествена одговорност жителите во село Град покажуваат инспиративни резултати и пример.
Деновиве жители од селото во соработка со здружението на иселеници од село Град, заедно со лица ангажирани за одржување на јавна чистота и уредување на јавни површини, координирани од Општина Делчево и општинските програми, посветено работеа на повеќе позиции кои што се видливи на ова видео.
Мене ми останува да упатам апел сите останати месни и урбани заедници да го следат овој и повеќе вакви слични примери на локално граѓанско организирање и активизам за кои дополнително ќе споделам информации во јавност.
Делчево и нашите убави села се наш дом, а со вакви дела покажуваме како може заеднички истиот да го унапредуваме.
Нашето ЈКП “Брегалница” од Делчево е голем партнер на овие заеднички активности!”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Иван Гоцевски во врска со преземените активности во село Град.

Веднаш по оваа објава на социјалните мрежи излегоа и од здружението на иселеници од село Град кои исто така објавија извештај за преземените активности по нивна иницијатива во селото:
“Извршено е уште еднаш косенје на Паркот, Кејот, речното Корито до Автобуската и до Школата.
Знам дека има уште многу места неокосени меѓутоа финансиски толку може да се поднесе па затоа се уредува само централниот дел.
Секој што сака да се продолжи во делот каде живее може да ги позајми Тримерите од месната заедница и смостојно да се организира.
Оваа тема ке биде дел на разговор на следната Конференција на Месната заедница како да се организираме за следната година.
-напишаа од здружението на иселеници од село Град.

