ноември 3, 2026

Навалица на туристи втор викенд по ред во Делчево. Капацитетите преполни, се бараше место повеќе за престој и сместување

bazen_3
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

После бомбастичниот почеток на туристичката сезона во Делчево на почетокот на летото минатиот викенд, втор викенд по ред Делчево беше посакувана дестинација за досега незабележан голем број туристи кои ги преполнија сите можни капацитети во општината.

Стандардните посети од соседна Бугарија на веќе редовните викенд туристи, беа “засилени” и од гости од соседните општини но и од внатрешноста на државата.

Градскиот базен во Делчево кој го има најголемиот капацитет за прием на гости беше преполнет со капачи но и посетители кои уживаа во убавото расположение во ланч барот кој нуди секакви специјалитети. Вчера во неделата на градскиот базен во Делчево свој концерт имаше и легендата на Македонската поп-рок музика Јаков Дренковски кој со својата гитара и неповторлив глас ги отсвире и отпеа неговите евергрин хитови но и неколку преработки на останати песни.

Исто така капацитетите на Парк Панорама и Хотел Санрајз беа целосно исполнети за време на викендот, во чии то базени посетителите наоѓаа свежина на летното сонце.

Во Парк Панорама беше организирана и пена забава за помладите генерации.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Останатите сместувачи капацитети во Делчево за викендот исто така беа ангажирани, а рестораните и кафетериите преполни со посетители. Градскиот зелен пазар работеше под полна пареа како и хипермаркетите кои се присутни од повеќе брендови во Делчево.

Со тоа Делчево се претвори во вистински летен туристички хит во овој дел на Балканот, што како за помала општина претставува особен куриозитет за понатамошен развој на туризмот.

Ваквата состојба секако е резултат на напорите на општинската самоуправа предводена од Градоначалникот Иван Гоцевски кој што во досегашниот негов повеќемесечен маднат како градоначалник најголема мера од своите напори ги посветува на промоција и афирмација на Делчево како на домашен план така и во меѓународни рамки. Постојаните контакти со претставници од различните бизнис сектори, општествени организации и потенцијални инвеститори даваат плодови во интерес на целокупниот развој на Делчево.

За периодот што следи предвидени се повеќе мерки и активности за уште поголем инпут во развојот на туризмот во Делчево но и останатите стопански гранки на развој на приватни иницијативи пред се во делот на логистички и сервисните индустрии.…

За авторот на оваа објава