ноември 5, 2026

Награди од ЈЛБ “Илинден” Делчево за првенките од двете основни училишта

732831858_1712264107237396_3091739628339600352_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Денеска на симболичен чин директорката на ЈЛБ “Илинден” Длечево Билјана Петровска им додели пригодни награди на ученичките од двете основни училишта од Делчево кои за изминатата учебна година беа прогласени за првенки на генерацијата.

“Првенците – наша гордост и инспирација❤️

Традиционално, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево и оваа година ги награди првенците од основните училишта во градот, како признание за нивниот труд, знаење и посветеност.

Денес наши гости беа Сара Димитровска, првенец на генерација од ООУ„Ванчо Прке“ и Ирина Спасевска, првенец на генерација од ООУ„Св.Климент Охридски“. Им честитаме на нивниот извонреден успех и им посакуваме многу нови знаења, успеси и исполнети соништа на патот што е пред нив.

Нека оваа прикиазна биде поттик да продолжат да чекорат храбро кон нови достигнувања, а книгата секогаш да им биде верен пријател.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Честитки до нашите првенци!”

-напишаа на социјалните мрежи од ЈЛБ “Илинден” Длечево во врска со овој чин,

За авторот на оваа објава