Со многу радост, насмевки и награди, со свечена приредба ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево означи крај на школската година
Во петок вечер со почеток во 20.00 часот учениците, наставниците како и менаџментот на училиштето во присуство на родители и значајни општествени дејци од локалната самоуправа во Делчево со свечена приредба означија крај на учебната 2025–2026 година.
Преубавиот настан беше од една страна можност за уште едно заедничко дружење, но и оставање на траен белег на постигнатите успеси во рамки на воспитно-образовниот процес кој го реализира ова училиште.
Од менацментот на ООУ “Св. Климент Охридски” Длечево упатија своја порака во јавноста преку социјалните мрежи во врска со овој настан.
“Свечена приредба по повод крајот на учебната година ![]()
Со многу насмевки, песна, танц и прекрасни детски настапи, достоинствено ја заокруживме уште една успешна учебна година. ![]()
Нашите ученици уште еднаш ги покажаа своите таленти, труд и креативност, а нивните настапи беа наградени со голем аплауз од присутните.
Им благодариме на сите ученици, наставници, родители и гости кои беа дел од оваа прекрасна свеченост и придонесоа за нејзиниот успех.
На сите ученици им посакуваме убав, безбеден и исполнет летен распуст, а на оние кои завршуваат едно поглавје – многу успех, среќа и нови достигнувања во иднина.
Убав распуст и се гледаме повторно во новата учебна година!”
-напишаа на социјалните мрежи од ООУ “Св. Климет Охридски” Делчево.
