Уште една награда- прво место сега на државниот натпревар по географија за ученичката Милена Ангелова од СОУ “М.М.Брицо” Делчево
Континуираните успеси на средношколците во гимназијата СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево се најубав репрезент за квалитетот и капацитетот на образовниот процес кој што го спроведуваат професорите и менаџментот на училиштето.
Наградите кои што средношколците од делчевската гимназија ги постигаат на високорангирани натпревари по знаење се и тоа како завидни за многу други слични гимназии во државата не само во регинот.
“Голем успех за СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево!
Со особена гордост споделуваме дека нашата ученичка Милена Ангелова е прворангирана меѓу четворицата најдобри ученици по географија во државата и повторно ќе ја претставува Република Македонија на 19. Меѓународна светска олимпијада по гео-науки (IESO 2026), која ќе се одржи од 20 до 27 август 2026 година во Торино, Италија.
Ова ќе биде нејзино второ учество на ова престижно светско натпреварување, што претставува потврда за нејзината исклучителна посветеност, знаење и континуирана работа.
Упатуваме искрени честитки до Милена за овој извонреден успех, како и голема благодарност до нејзината менторка, проф. Анета Николова, и до нејзиното семејство за поддршката и вложениот труд.
Милена, ти посакуваме многу успех во Торино! Веруваме дека достојно ќе ги претставиш нашето училиште, Делчево и Македонија.
Честитки и среќно”
-информираа од СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево преку социјалните мрежи
