ноември 4, 2026

ОО Црвен Крст Делчево со огромна логистика се вклучи во борбата против големиот пожар кај село Бигла

780501271_1350446030584489_1070040647796603225_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Волонтери и активнисти од Општинската организација на Црвен Крст од Делчево денеска на терен се вклучија со поголема логистичка акција за поддршка на пожарникарите и граѓаните кои што го гасеа пожарот кај селото Бигла кој што избувна претпладне а доцна попладнево е локализиран благодарение на брзата и координирана акција на сите релевантни фактори во општината.

Активистите на ОО Црвен Крст од Делчево беа на терен за обезбедување на прва помош доколку имаше потреба, со делење на вода, санитетски материјали и храна за пожарникарите и останатите граѓани кои беа присутни на терен.

“ООЦК Делчево во логистичка поддршка при гаснењето на пожарот кај с. Бигла

Во рамки на справувањето со пожарот кај село Бигла, ООЦК Делчево се вклучи со дистрибуција на вода, храна и заштитни маски за населението и доброволците кои се вклучија во гаснењето на пожарот.

Благодарност до сите кои несебично помогнаа и придонесоа во справувањето со огнената стихија.”

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

-информираа накратко во јавност од ОО Црвен Крст Делчево

За авторот на оваа објава