ноември 4, 2026

Културните вредности на Делчево презентирани во Добриниште- соседна Бугарија

777851658_1669746701817841_6937809423920791595_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Уметниците од фолклорната група “Вапцаров” и Женската пејачка група “Ѓурѓа” кои што активно работат при Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево за викендот имаа свое забележително претставување на настан во град Добриниште, Република Бугарија.

На покана на Народното читалиште „Димитар Благоев – 1925“ од Добриниште кое што работи во рамки на регионот на Благоевград делчевските репрезенти на најубав можен начин се претставија со некколку фолклорни изведби на кореографии како и вокални исполнувања во рамки на свој целовечерен концерт кој побуди голем интерес и внимание кај посетителите.

Оваа соработка на центарот за култура во Делчево е дел од пошироката годишна програма за работа на директорот Златко Начовски во чии што рамки следуваат уште поубави соработки како и настани за домашната публика во Делчево.

“На покана на Народно читалиште „Димитар Благоев – 1925“ – Добриниште, Република Бугарија, фолклорната група „Вапцаров“ и женската пејачка група „Ѓурѓа“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, учествуваа на културната манифестација „Добринишко лето 2026“.

На плоштадот во Добриниште, нашите уметници пред бројната публика одржаа целовечерен концерт, исполнет со македонска традиција, музика, песна и игра. 💃🎶

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Фолклорната група „Вапцаров“ ги претстави македонските народни игри преку своите атрактивни кореографии, додека женската пејачка група „Ѓурѓа“ изведе староградски македонски песни, пренесувајќи ја убавината и богатството на македонската вокална традиција.

🤝 Благодарност до Народно читалиште „Димитар Благоев – 1925“ – Добриниште за поканата, гостопримството и прекрасната можност за уште едно заедничко културно дружење и размена на традицијата меѓу двете земји.

❤️ Нека живеат фолклорот, песната и традицијата!

#НУЦКДелчево#Вапцаров#Ѓурѓа#ДобринишкоЛето2026#Добриниште#Фолклор#МакедонскаТрадиција#Култура”

-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево

За авторот на оваа објава