ноември 4, 2026

ЈЛБ “Илинден” Делчево со третооделенците од ООУ “Св. Климент Охридски” го одбележа 24 мај- денот на Св. Кирил и Методиј

704688782_1674658244331316_989630533662086241_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Датумот 24 мај претставува еден од најважните денови за македонскиот народ. Празникот кој се одбележува денеска е во чест на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, кои преку Моравска мисија успеале да ја основаат Глаголицата, првата форма на писмото Кирилица. Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развиот на сите словенски народи. За нивната макотрпна посветеност во описменување на словенскиот народ, Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј го одбележа со третооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“ и наставничките Александра, Мимица и Ели.

Учениците се запознаа буквите од Глаголицата и ги споредуваа со тие од Кирилицата. Со Глаголицата учениците пишуваа зборови и своите имиња. Сакавме симболично од блиску да им ја доловиме на децата важноста и значењето на делата на Светите браќа Кирил и Методиј.

Беше интерсено и поучно.

Една од најзначајните дејности на светите Кирил и Методиј е мисионерството, за кое уживале голема почит. Во три важни мисии ја проповедале христијанската вера: Арапската, Хазарската, пред да ја извршат епохалната мисија во Моравија.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Најважната историска мисија на солунските браќа претставува Моравската мисија. Сржта на просветителската мисија на Кирил и Методиј е во просветителското, континуирано работење, кое претставува олицетворение во делата на големите просветителски дејци – свети Климент и свети Наум.

Кои се Светите Кирил и Методиј? – Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја.

Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување.

Зошто создале азбука и писмо? Браќата го направиле тоа, со мисла за подобро да ја исполнат својата желба, а нивната желба била да Му служат на Бога, проповедајќи го Неговото спасително учење меѓу својот народ и тоа, на разбирлив народен јазик и писмо. Само така може да се објасни и да се сфати делото што го правеле Кирил и Методиј. И прво нешто што напишале со новите букви било Евангелието. Тие го превеле Светото писмо на мајчин јазик, на старомакедонскиот словенски јазик со македонско наречје

За авторот на оваа објава