НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево продолжуваат со музичко изненадување за сите љубители на класичната музика

706504703_1580542254071620_5622399105337482137_n
Сподели

На богатиот епертоар на настани на Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево следува уште едно магично музичко доживување. Елена Ѓеоргиевска на пијано и Катерина Станчева- мецосопран за љубителите на класичната музика ќе приредат уште едно музичко патување, онаму каде што безвременската музика само може да ја однесе човековата имагинација и сензибилитет.

Станува збор за изведба на романтични теми во аранжман на Дејан Ѓеоргиевски- Ѕене од Делчево.

Настанот е закажан за среда 26.05.2026 година во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 20.00 часот.

Овој настан се реализира во рамките на Проект финансиран преку годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.

Со овој настан организаторите НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево уште еднаш манифестираат силни програмски цели за подигнување на нивот на културна понуда за сите граѓани на Делчево.

“Ве покануваме на вечер исполнета со емоции, префинета музика и безвременска уметност.

Во романтична атмосфера ќе уживате во изведби на класична музика за глас и пијано, со внимателно одбран репертоар кој допира до срцето.

Повелете и дозволете музиката да ја разбуди романтиката во вас.” 

-стои во отворената покана кон целокупната јавност пренесена од страна на организаторот НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево преку социјалните мрежи

За авторот на оваа објава