ноември 4, 2026

Делегации положија свежо цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на македонското востание

DSC_0086
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

По повод 85-годишнината од почетокот на македонското  востание, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов со делегации од Советот на Општина Кочани, претставници на Сојузот на здружението на борците од НОВ и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Градоначалникот Грозданов упати празнична честитка во која го истакна значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.

– Пред 85 години со нападот на полициските участоци, нашите предци не само што го покажаа отпорот и визијата за нашата држава, тие го трасираа патот што го живееме денес, тоа е самостојна, суверена и независна Македонија, во која самостојно ги креираме политиките, животот и иднината. Денес им оддаваме почит и ја носиме обврската да го продолжиме патот за поубава иднина. Нека ни е вечна Македонија и честит празникот! – рече градоначалникот Грозданов.

За авторот на оваа објава