ноември 5, 2026

Делчево ја одбележа 85 годишнината од народното востание на Македонскиот народ во 1941 година

841603723_1737234955070180_5566897578879321522_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денеска со почеток во 10.00 часот во Делчево беше одбележан 11 Октомври- Денот на народното востание на Македонскиот народ против фашистичката окупација во Втората светска војна.

Пред споменикот на падбатите борци од НОБ во центарот на Делчево делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот Иван Гоцевски како и останати институции и здруженија на граѓани положија букети со свежо цвеќе, поклонувајки се пред жртвата што овие луѓе чии што имиња се запишани на самиот споменик ја дале за слободата на Македонскиот народ.

На почетокот на настанот со свој реферат за значењето на 11 Октомври настапија членовите на КУД “Гоце Делчев” Делчево а потоа делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Иван Гоцевски, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

За авторот на оваа објава