ноември 5, 2026

Иван Гоцевски: 11 Октомври нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста и меѓусебното почитување.

845507176_1511269644164193_4863196728698083637_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

По повод денешниот државен празник 11 Октомври со кој се одбележуваат 85 години од кревањето на народното востание на Македонскиот народ во Втората Светска војна градоначалникот на општтина Делчево упати честитка од свое лично име до сите граѓани на Делчево и сите Македонци насекаде во светот.

“Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, да ви го честитам овој значаен државен празник.

Денес со гордост им оддаваме почит на сите борци и херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги поставија темелите на слободата и државноста. Нивната борба и жртва нè обврзуваат да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста и меѓусебното почитување.

Нека 11 Октомври биде потсетник дека само со заедничка работа, одговорност и посветеност можеме да изградиме подобра иднина за нашето Делчево и за нашата Македонија.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Во мое лично име и во име на Општина Делчево, ви го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври.

Нека ни е честит празникот!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава