ноември 4, 2026

Најава за несекојдневен музички настан на Марко Виденовиќ и “Мелем” наредниот вторник во Делчево

845681388_1721880976604413_4463128772971749964_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” за наредниот втторник (20.10.2026 година) со несекојдневен музички настан ја продолжува праксата за богата музичко-сценска понуда за сите граѓани на Делечво а особено оние кои што наоѓаат инспирација и енергија во музиката за своето секојдневие.

Со почеток во 19.00 часот во акустичниот простор на фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево пред делчевската публика ќе се претстават маестро Марко Виденовиќ заедно со Мевлем со автентичен спој на музиката и поезијата

„Марко Виденовиќ и Мевлем“ е авторски музичко-поетски проект на композиторот, пијанист и поет Марко Виденовиќ, кој претставува уникатен спој на оригинална камерна музика и современа поезија. Ансамблот го сочинуваат:

Памела Велкова – виолина
Верица Ајтовска – виола
Енис Аљи – виолончело
Марко Виденовиќ – пијано, глас и поезија

Во основата на проектот се оригинални композиции создадени специјално за ансамблот, во кои музиката и поетскиот збор се надополнуваат во интимна и емотивна уметничка целина. Преку темите за љубовта, копнежот, загубата, надежта и човечката блискост, „Мевлем“ воспоставува непосредна комуникација со публиката, надминувајќи ги жанровските и генерациските граници.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Од својата премиера во ноември 2024 година, проектот реализира бројни настапи во различни градови и културни средини во земјата и странство. „Мевлем“ настапува на концертни сцени, фестивали, книжевни и културни манифестации, како и во рамките на хуманитарни и комеморативни настани. Преку овие гостувања, проектот се среќава со разновидна публика и ја претставува својата музичко-поетска програма во различни уметнички и општествени контексти.

Особено значајна е хуманитарната и општествената димензија на проектот, кој преку своите настапи придонесува кон одбележување на важни настани, поддршка на заедницата и создавање простор за заедничко сеќавање, сочувство и човечка блискост. Меѓународните гостувања дополнително овозможуваат поезијата и
музиката на „Мевлем“ да допрат до публика надвор од македонскиот културен
простор.

Со силна сценска присутност, емотивна интерпретација и непосреден однос со публиката, „Мевлем“ се етаблира како препознатлив современ македонски авторски проект. Неговата суштина е едноставна, но длабока – преку музиката и поезијата да понуди простор за емоција, препознавање, разбирање и заедништво.

Влезот за настанот за сите посетители е слободен.

За авторот на оваа објава