ноември 4, 2026

Дечиња од ОЈУДГ “Весели Цветови” го посетија кабинетот на градоначалникот Иван Гоцевски

837224969_1608649440952535_2405754627642412908_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денес мојот кабинет беше исполнет со детска смеа, песнички и искрена радост. На гости ми беа нашите најмили дечиња од градинката „Весели цветови“, заедно со нивните вредни воспитувачки. ❤️

Разговаравме, се дружевме, а нивните песнички и насмеани лица ми го разубавија денот. Ваквите средби потсетуваат колку е важно да ги слушаме најмалите, да им посветуваме внимание и да го погледнеме светот низ нивните очи.

За нив продолжуваме да работиме на подобри услови во градинката, на уредување на просторот и создавање пријатна атмосфера за игра, учење и растење. Секое дете заслужува место во кое ќе се чувствува безбедно, прифатено и сакано.

Благодарност до воспитувачките и до сите вработени кои со многу трпение, грижа и љубов секојдневно го збогатуваат детството на нашите најмали.

Драги дечиња, ви благодарам за радоста што ја донесовте! Вратите на мојот кабинет се секогаш отворени за вас

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава