Жителите на село Тработивиште добиваат нов асфалт на една од најзначајните сообраќајници
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски преку социјалните мрежи ја информираше делчевската јавност за имплементација на еден од најзначајните приоритетни проекти за жителите во селото Тработивиште.
Станува збор за реализација на проект за целосна реконструкција на улицата “Даме Груев” во село Тработивиште која што е една од централните и најпрометни улици на која што се наоѓа голема концентрација на објекти за индивидуално домување.
Општина Делчево склучи Договор за јавна набавка за реконструкција на улицата „Даме Груев“ во село Тработивиште. Со договорот, потпишан меѓу Општина Делчево и избраниот економски оператор „Емрах Интертранс“ ДООЕЛ Зелениково, се создаваат услови за реализација на уште еден значаен инфраструктурен зафат во руралните средини на општината.
Реконструкција на улицата „Даме Груев“ во с. Тработивиште е предвидена во должина од 380 метри, а вредноста на Договорт е 1.921.843,70 денари без вклучен ДДВ, односно 2.267.776,00 денари со вклучен ДДВ.
Паричните средства се обезбедени од комбинирани извори на финансирање и тоа: преку склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Министерство за транспорт на Република Северна Македонија и Општина Делчево, на Општина Делчево ѝ се доделени парични средства во износ од 1.134.015,00 денари наменети за реализација на проектот: Реконструкција на улица „Даме Груев“ крак 2 во с.Тработивиште во Општина Делчево,
Министерство за транспорт на Република Северна Македонија учествува со парични средства во износ од 1.134.015,00 денари, а Општина Делчево со парични средства во износ од 1.133.761,00 денари со ДДВ обезбедени преку Буџетот на Општината.
Реконструкцијата на улицата е дел од определбата на Општина Делчево за подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење во населените места, со инвестиции кои придонесуваат за побезбедно и поквалитетно секојдневие на граѓаните.
Со реализацијата на овој проект, Општина Делчево продолжува со вложувањата во инфраструктурата и рамномерниот развој на општината, вклучително и во руралните средини.
-информираше градоначалникот Гоцевски во врска со овој проект.
