Најава за работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники” во Делчево
Во реализација на Ликовното студио “Белогаски” кое активно работи во рамки на Националната установа “Никола Јонков Вапцаров” Делчево, утре во четврток (1 октомври 2026 година) со почеток во 12.00 часот ќе се реализира ликовната работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники”.
Во рамки на работилницата се поканети свое учество да земат ученици од двете основни училишта и гимназијата во Делчево со што работилницата же понуди пошироки перспективи за самата ликовна уметност и нејзината примена во современото живеење.
“На 1 октомври 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Градскиот парк во Делчево, ќе се одржи ликовна работилница „Сплет на професии преку комбинирани техники” организирана од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево.
Работилницата се реализира во соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“ и СОУ „Методи Митевски – Брицо“.
Преку креативност, уметност и комбинирање на различни ликовни техники, учесниците ќе имаат можност да создаваат, да истражуваат и да ги поврзат уметноста и различните професии.
01.10.2026
12:00 часот
Градски парк – Делчево
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам”
-информираа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во врска со овој нивен настан.
