Заврши асфалтирањето на улици во населбата “Пролет” во Делчево
Градоначалникот на општина Делчево денес преку социјалните мрежи пренесе видео од дрон за новоизградените делници од улици во населбата “Пролет” во Длечево.
Станува збор за инвестиција од околу 8.4 милиони денари кои беа наменети за целосна изградба на вкупно 420 метри улична инфраструктура на неколку делници од улици во оваа населба која интензивно се гради во последните неколку години.
“Во населба „Пролет“ целосно ги завршивме новите улици што ги започнавме.
Асфалтирани се вкупно 420 метри улици: улица 4В, дел од улица 3, дел од улица 5 и дел од улица 1.
Станува збор за инвестиција вредна 8,4 милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт. Изведувач на градежните работи е СД „Транс“, с. Ѕвегор, Делчево.
Но, работата не започна со асфалтот. Согласно проектот, претходно беше изградена и целокупната подземна инфраструктура, фекална и атмосферска канализација, како и систем за водоснабдување.
За жителите од овој дел на „Пролет“, ова значи нови и уредени улици, подобар пристап и поквалитетни услови за секојдневен живот.
Ова е развојот што го ветивме, конкретни инвестиции, реализирани проекти и резултати што граѓаните ги гледаат и ги чувствуваат.
Продолжуваме да инвестираме во секој дел од Делчево!
ЗА НАШЕ ДЕЛЧЕВО”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникоит Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овие капитални проекти.
