Сподели

Парите како основен платежен систем еволуирале пред неколку векови. Сите економски системи во светот — социјализмот, комунизмот, фашизмот, па дури и да ја надминале слободната иницијатива  — овековечат социјалната еволуција, национализам и расизам,примарно  сe базирани на економски разлики.Во фундаменталната дефиниција на слободната и отворена пазарна економија стои дека се додека еден општествен систем користи пари или методологија на  размена на стоки, луѓето и нациите ќе се обидуваат да го задржат економскиот натпреварувачки дух, за напредок на целокупното општество во целост, движејки се кон прогрес и позитивни промени. Ние денеска сè уште ги користиме  истите овие застарени методи.

Факт е дека нашиот актуелен светски монетарeн систем не е способен за обезбедување на висок стандард на живеење за сите, ниту пак може да се обезбеди заштита на животната средина, бидејќи најголем мотив во суштина на сите современи државни системи е профитот, а не грижата за вистинските придобивки кои може да ги понуди животот како таков. Неопходни се нови стратегии за контрола на парите, и промена од корен на капитализмот кој се надеваме дека ни е познат во целост. Со доаѓањето на автоматизацијата, сајбернацијатa, вештачката  интелигенција , развојот на компјутерските технологии со вртоглава брзина,  ќе има постојано зголемување на замена на луѓе од страна на машини во работниот и произвотствениот процес, со дрстично намалување на живата работна рака. Како резултат на тоа, многу малку луѓе ќе можат да купуваат стоки и услуги и покрај  способноста на општеството да произведува во  изобилство, ќе продолжи да се зголемува јазот на разлики помегу различните економски фактори, како и различните имотни слоеви во општеството и помеѓу народот.

Нашите сегашни, политички и економски застарени системи не можат да се применуваат со интензитет на  вистинска корист на иновативната технологија, денес за постигнување на најголемо оптимално добро за сите луѓе, и за надминување на нерамноправностa помеѓу луѓето. Светската технологија е многу напред и зазема се поголем замав за во блиска иднина, но  нашите општествени економски дизајни останаa релативно застарени и конвенционални. Со други зборови економската  промена и диспаритетен економски развој не е во чекор со технолошките промени, во глобалните светски трендови.

Дали парите како реалност во сегашноста се пред прагот на криза во времињата, што следат? Секако во било која форма и облик на  манифестација, во суштината која им беше доделена и егзистираше како таква со векови наназад во историјата.

И во најкрајна линија дали економските системи се поставени на реално здрави основи за да се соочат со предизвикот на иднината “обременет” со силен инпут и доминација на високата технологија и дигитализација.

За жал, денес од друга страна пак, науката и технологијата сe пренасочени од постигнување на најголемото оптимално добро  за човештвото кон сопствените  интереси и парцијален развој на сопствените можности и придобивки. Постои реален монопол на технологијата над општиот развој во целост, само во поедини слоеви од човечкото општествување. На пример, американското Министерство за земјоделство, чија функција се претпоставува дека е спроведување на истражување во начините за постигнување на повисоки приноси , а всушност индиректно ги  плаќа земјоделците да не  произведуваат сo полн капацитет, под изговор на намалување на цената на основниот производ кој го произведуваат.

Во денешната констелација на сваќање на нештата е логично толкувањето дека колку повеке производи на пазарот има толку помала цена истите добиваат, со што го загрозуваат монетарниот систем и “обезвреднување” на пазарот на пари и стоки.За таа цел се реагира интервентно во произвотствениот процес кој иако начелно е дизајниран за поголеми приноси, во суштина призведува недоволно, во светски рамки. Овој факт дејствува поразително  и дволично кон таканаречените земји од третиот свет, кои живеат под прагот на светскиот просек наработ на егзистенцијата со глад, беда и сиромаштија. На тој начин скроениот монетарен систем во светски рамки ја овозможува драстичната разлика во стандарди на животот на луѓето.

Автор: Кирчо Анастасов