Учениците од СОУ „Методи Митевски — Брицо” — Делчево нижат постојани успеси на големи натпревари по знаење

697025245_1522210526581929_1160416067861948048_n
Сподели

Ученици од СОУ „Методи Митевски — Брицо” — Делчево се закитија со нови награди на највисоко државно ниво што претставува уште еден успех во редица на успеси кои што учениците заедно со нивниот наставен кадар од ова наше средно училипте ги нижат во континуитет.

Под менторство на прф. Елена Димитровска младиот Филип Поповски освои Прва награда на државниот натпревар по италијански јазик а Лука Стоименовски го освои второто место со што се поставија какко неприкосновени натпреварувачи во големата конкуренција што беше присутна од училишта од цела држава.

🇮🇹 УШТЕ ЕДЕН СПЕКТАКУЛАРЕН УСПЕХ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ! 🇮🇹🇲🇰

Денес е ден на гордост, успеси и победнички приказни! 🏆✨

По низата прекрасни резултати на нашите ученици, пристигна уште една ФАНТАСТИЧНА вест! 🎉

🥇 Филип Поповски освои 🏆 ПРВО МЕСТО на Државниот натпревар по италијански јазик! 🇲🇰🇮🇹

🥈 Лука Стоименовски освои ВТОРО МЕСТО и уште еднаш потврди дека нашите ученици се меѓу најдобрите во државата! 👏

📚 Ментор: проф. Елена Димитровска 💫

Овие резултати се доказ за огромниот труд, знаење и посветеност што секојдневно се вложуваат. ❤️

Браво момци ! Гордост сте за нашето училиште!

-напишаа на социјалните мрежи СОУ “М.М.Брицо” Делчево.

Ваквите успеси се резултат на посветена и континуирана работа на професорите во училиштето кои што заедно со нивните ученици на најубав можен начин го репрезентираат и училиштето но и општина Делчево пошироко во државата и на меѓународен план.

За авторот на оваа објава