ЈКП “Брегалница” Делчево со финансиска поддршка на Градоначалникот Гоцевски и општината расчистува депонии на повеќе локации

FB_IMG_1778732724116
Сподели

Свеста на поединци за здрава и чиста животна средина во Делчево се уште е на ниво на неандерталци

Ова не е злонамерна изјава туку изјава од револт како кон оние што фрлаат ѓубре таму кај што им текне, така и кон надлежните репресивни органи кои што наместо да ги ловат и казнуваат сторителите на ова злодело иако се дебело платени од пари на граѓаните сепак одлучиле да си живеат живот “клати врата-земај плата”!

И потоа имаме ситуација секоја година повторно со пари на граѓаните општината и комуналното претпријатие во Делчево да бидат ангажирани за да го чистат ѓубрето на неодговорни поединци кои мислат дека се недопирливи.

Деновиве работни екипи на ЈКП “Брегалница” Делчево интензивно работат на повеќе локации каде се присутни диви депонии на комунален и градежен шут во чистење и подигање на ѓубрето со цел за негово соодветно одлагање.

Според наши информации станува збор за околу 19 локации каде се забележани вакви диви депонии на територијата на општината Делчево.

“ЈКП Брегалница изврши чистење на повеќе диви депонии на подрачјето на Општина Делчево, како во градот така и во руралните средини. 👏

Со ваквите активности се придонесува за почиста и поздрава животна средина, подобри услови за живот и поголема грижа за сите граѓани. Посебно е важно што се работи континуирано и одговорно, со цел секое населено место да биде почисто и поуредено.

Чиста околина значи поздрав живот за сите нас. Благодарност до сите вработени кои секојдневно се трудат да ја направат нашата општина поубаво и подобро место за живеење. 💚♻️

Благодарност и до Општина Делчево и градоначалниот Гоцевски за одличната соработка и финансиската поддршка за ЈКП Брегалница Делчево.”

-напишаа на социјалните мрежи од ЈКП “Брегалница” Делчево во врска со оваа акција.

За авторот на оваа објава