Најава за историски час посветен на 150 годишнината од Разловечкото востание во ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево
Ученици од Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево под раководство на своите наставници по историја во четвроток на 14 мај 2026 година организираат Историски час посветен на Разловечкото востание.
Оваа активност менаџментот на училиштето ја реализира во рамки на манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание која што општина Длечево во соработка со локални и национални институции ја организира и спрвоведува тековно а завршниот настан е предвидено да биде на 19 мај 2026 година во селото Разловци, кога свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот Спомен дом на Разловечкото востание.
“По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, во нашето училиште ќе се одржи историски час посветен на овој значаен настан од македонската историја.
Историскиот час е организиран од наставниците по историја, а на истиот ќе присуствуваат учениците од VIII одделение, Градоначалникот и претставници од Општината.
Настанот ќе се одржи во четврток
Почеток: 10:30 часот
Со вакви активности ја негуваме историската свест, патриотизмот и почитта кон борбата и жртвата на нашите предци.
Ве очекуваме!”
-напишаа од ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево на социјалните мрежи во врска со овој настан.
