Успешната соработка на општина Делчево и локални компании продолжува и за големата прослава на 7 и Септември на некогашното делчевско корзо
Во понеделник 7 Септември во текот на целиот ден ќе се реализираат серија на активности и настани со кои што општина Делчево во заедништво на сите граѓани како и локални компании ќе го одбележат во духот на зедништвото Денот на ослободувањето на Делчево како и 8 Септемри — Денот на независност на Република Македонија
Во рамки на повеќе дневната програма која што ќе кулминира во понеделникот со сите почести на достоинствен и општествено одговорен начин Градоначалникот на општина Делчево заедно со сите вработени во општината приредуваат незаборавен музички настан за сите генерации со продолжување на духот на старото Корзо во Делечво на централната улици во центарот на Делчево.
Како увертира на музичкиот настан на големата сцена која што ќе биде поставена на раскрсницата на Бул. ММ Брицо со улицата Орце Николов која води кон населбата Ново Делчево за самиот настан ќе биде прикажано атрактивно ретро кар шоу со олдтајмери- моторни возила кои покрај натпреварувачкиот изложбен дел ќе имаат и свое дефиле по делчевските улици.
На музичкиот настап свое спектакуларно шоу же има делчевската музичка ѕвезда Фрекфенција на Иван Тренчевски, фолк ѕвездата Стојне Николова и дечките од забавната музичка атракција Блу бенд.
Работното време за угостителските објекти за овој ден е продолжено до 02.часот по полноќ така што делчевчани ќе можат долго во ноќта и во раните утринсли часови од наредниот ден да пеат и да се забавуваат сите заедно на едно место со незаборавните хитови нја нашите музички ѕвезди.
Во врска со самиот настан Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски упати своја порака преку социјалните мрежи со која ги повцика сите граѓани да бидат дел од ова спектакуларно одбележување на денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија
“Со големо задоволство ве поканувам на уште една вечер исполнета со музика, дружење и добра забава во срцето на Делчево! ![]()
![]()
На 7 Септември, заедно го одбележуваме Денот на ослободувањето на Делчево, со богата музичка програма и забава за сите генерации.
Раскрсница кај Стопанска банка
Почеток: 18:00 часот
Да бидеме заедно, да го славиме нашето Делчево и да создадеме уште една убава заедничка приказна! ![]()
Посебна благодарност до главните поддржувачи на настанот PUB DELCHEVO и PARK PANORAMA, кои со својата поддршка придонесуваат оваа вечер да биде уште поубава.”
