Најава за музичка театарска претстава- подарок за најмладите за денот на ослободувањето на Делчево
Музичката претстава “Трите музички прасиња” же биде вистински подарок за најмладите во Делчево која што на отворена сцена во центарот на Делчево же се прикаже по повод 7 Септември-денот на ослободувањето на Делчево.
Во понеделник со почеток во 12.30 часот летната сцена во центарот на Делчево же биде местото каде што најлмадите ученици од детската градинка, како и учениците од осбновните училишта во Делчево па и оние повозрасните од делчевската гиманзија же може да го проследат овој мјузикл кој же внесе многу срежа, насмевики и ентуизијазам помеѓу сите присутни. Секако претставата може да ја проследат и сите случајни или неслучајни посетители од сите генерации и на најубав начин сите заедно да го одбележиме датумот на кој што пред 82 години нашиот град бил ослободен од германска фашистичка окупација.
“МЈУЗИКЛ „ТРИТЕ МУЗИЧКИ ПРАСИЊА“
Во рамките на манифестацијата „Денови на мојот град – Делчево“, по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и Општина Делчево Ве покануваат на прекрасна театарска претстава за деца – мјузиклот „Трите музички прасиња“.
Понеделник, 07.09.2026
Летна сцена – Делчево
Почеток: 12:30 часот
Ве очекуваат многу музика, смеа, игра и една весела приказна за најмладите!
Ве очекуваме!”
-напишаа на социјалните мрежи организаторите НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” и Општина Делчево на социјалните мрежи во врска со овој настан
Оваа театарска претстава се реализира во рамки на пошироката програма која што ја подготвува Општина Делчево во соработка со повеже локални и национални институции по повод 7 Септември- Денеот на ослободувањето на Делчево и 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија.
