ноември 4, 2026

Гоцевски: Честитка за РК “Делчево” што го чува споменот за Андреа Ампова

794228633_1603141794551353_4673999967300967473_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски денеска го отвори меморијалниот турнир “Андреа Ампова 2026” кој што денеска започна во спортската сала при СОУ “Методи Митевски Брицо” во Делчево

“Денес започна Меморијалниот турнир „Андреа Ампова“.

Меморијалниот турнир „Андреа Ампова“ токму преку ракометот ги обединува спортот, младоста, пријателството и хуманоста. Во чест на Андреа, денес на овој терен ќе се игра со срце, со почит кон противникот и со љубов кон спортот.

Сакам да му честитам на организаторот РК „Делчево“ што го одржува живо наследството од Андреа, го чува споменот на една млада девојка која го сакаше ракометот.

Особено ми е драго што на теренот повторно ќе ги видиме и поранешните ракометарки на РК Делчево. Нивното враќање во салата во чест на Андреа е потсетник дека ракометот не е само игра – тој е љубов, пријателство, припадност и спомен кој трае.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Како Општина, ќе продолжиме да го поддржуваме спортот и спортските клубови, затоа што инвестицијата во спортот е инвестиција во здрави, дисциплинирани и успешни млади луѓе.

На сите екипи им посакувам успешни натпревари, фер-плеј и многу спортски радости. Нека победи ракометот!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со овој спортски настан

За авторот на оваа објава