Уште еден во редицата големи музички настани во Делчево: Ѕвездите од фестивалот “СИ-ДО” силно ќе блеснат во Спомен домот АСНОМ
Утре во петок 16.10.2026 година со почеток во 12.30 часот во концертната сала во Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи уште еден голем и значаен музички настан.
Ѕвездите од детскиот музички фестивал СИ-ДО ќе блеснат на сцената пред делчевчани со што ќе го разубават секојдневието на делчевчани низ песни и игра и многу детски насмевки.
Настанот го реализира НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево кои што ветуваат незаборавни моменти за сите присутни
“Ве очекуваме да ги поддржиме најмладите музички таленти и заедно да уживаме во музиката! ”
-упатија порака од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”
Влезот за настанот чини 150 денари а билт ќе можат да се купат и пред самиот почеток,
