Советот на Општина Делчево ја закажа својата 9‑та редовна седница

nikolcho_stoimenovski_sovet
Сподели

Претседателот на Советот на Општина Делчево Николчо Стојменовски ја свика 9‑та редовна седница на Советот на која ќе се разгледуваат 20тина точки на Дневен ред.

Седницата на Советот е предвидено да се одржи на 29.04.2026 (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар на вториот кат на Спомен домот АСНОМ во Делчево

Претседателот Стојменовски за седницата го предлага следниот

Дневен ред

 ‑Усвојување на Записник од 8.седница

1.Предлог- Решение за именување на членови на Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево;

2.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и  Општина Берово;

3.Предлог-Решение  за именување на членови на  заедничка комисија за подготовка на предлог на акт за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Берово;

4. Предлог-Одлука за прифаќање на донација на спортски справи;

Образлагач: Ивана Ивановска-Раководител на Одделението за правни и општи работи.

5.Годишна сметка на ЈЛБ „Илинден“ за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

6.Измена на  Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2026 година со Предлог-Одлука за давање согласност;

Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

7. Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2025 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

8.Годишна сметка сметка на JКП „Брегалница“-Делчево за 2025 со Предлог-Заклучок за усвојување;

Образалагач: Марија Сумрачка-ВД директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

9. Предлог-Одлука за проширување на средства на буџетот на Општина Делчево за 2026 година;

Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

10. Предлог-Одлука за спонзорство по барање бр.21–1171/1 од 01.04.2026;

Образлагач: Николчо Стојменовски-Претседател на Советот.

11.Предлог-Програма за измена на Програмата за образование за 2026 година;

Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

12. Предлог-Програма за ревитализација по елиминирањето на кризата за општина Делчево за 2026 година;

Образлагач: Кире Цоневски-Соработник превенција, заштита и спасување.

13. Предлог-Програма за управување со отпад за 2026 година;

Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комунална инфраструктура.

  1. Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Фудбалски клуб Брегалница 1926 Делчево;
  2. Предлог-Одлука за финансиска поддршка на Меѓуопштинско здружение на цивилните инвалиди од војната Штип;
  3. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска поддршка на Павле Богдановски;
  4. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска поддршка на Боксерски клуб Тигар МБМ Делчево;

Образлагач: Николчо Стојменовски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

  1. Предлог-Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување нa меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица;

Образлагач: Ивана Ивановска–Раководител на Одделението за правни и општи работи.

  1. Предлог- Одлука за збратимување помеѓу Општина Делчево, Република Македонија и општините Новело, Монфорте д’ Алба и Родино, Република Италија;

Образлагач: Градоначалник на Општина Делчево, Иван Гоцевски

  1. Прашања и предлози на членови на Совет.

Седниците на Советот на општина Делчево се отворени за сите заинтересирани граѓани да присуствиваат и да ги следат истите.

За авторот на оваа објава

Најнови објави