Месната заедница во село Град денеска спроведе акција за уредување на јавните површини во селото

grad_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Повеќемина жители на селото Град во организација на Месната заедница спроведоа акција за уредување на јавните површини во центарот на селото.

Со самоорганизирање и со поддршка на иселеници од селото беа обезбедени повеќе садници на украсни дрвца- туја кои што беа засадени по должина на главната улица во селото покрај водотекот на една од селските реки во селото.

Исто така со сопствени моторни тримери и косилки кои што претходно беа набавени од самите жители и месната заедница со поддршка на иселениците од селото, се косеа јавните површини од израснатата вегетација на повеќе делници.

Месната заедница на село Град е една од подобро организираните месни заедници кои што работат во изминатиот период, зад чија што работа веќе постојат повеќе реализирани проекти и акции на кои што може да им позавидат останатите месни и урбани заедници во општина Делчево.

Пред околу 10-тина денови заврши реконструкцијата на оградниот ѕид на селската црква Св. Георги со ѕидан камен, како и повеќе зафати на капелната црква Св. Архангел Михаил во селото исто така во организација на Месната заедница и иселениците од село Град кои што живеат и работат во странство.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава