ноември 4, 2026

Со преубав завршен концерт ООУ “Ванчо Прќе” Делчево го означи крајот на учебната година

FB_IMG_1781326578239
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Конечно ученичките слатки “маки” завршија. Дојде време за безгрижен летен одмор за сите основци и средношколци. Учениците од ООУ “Ванчо Прќе” Делчево крајот на учебната година го означија со преубав завршен концерт со мноштво точки и по малку и емотивни настапи во салата во училиштето.

Овој настан беше убава можност учениците да ги покажат стекнатите вештини и да блеснат во најубаво светло, но и родителите да ги видат своите дечиња на сцената како ги манифестираат стекнатите вештини.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кој што им го честиташе ученичкиот успех на учениците и им посака среќа во годините што доаѓаат.

Денешната свеченост во ООУ „Ванчо Прке“ значи заокружување на уште една успешна учебна година и промоција на постигнатите резултати во училиштето.

Дозволете ми да Ви го честитам завршувањето на учебната година, а воедно, да ви честитам и на постигнатите резултати и успеси кои се уште една потврда дека школството во Делчево е на високо ниво и, навистина, е предизвик да се биде дел од образовниот процес во нашата општина.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Вашите успеси се наша годрост и уште еден доказ дека кај нас има вредни млади таленти, но и уште повреден наставен кадар кој во арената на знаењето, постигнува победи.

Затоа, како градоначалник, моја примарна цел, се инвестициите во образованието што за мене претставуваат инвестиции во иднината.

Општина Делчево за оваа година го зголеми буџетот за образование на скоро 2 милиони денари и со цел да ги наградиме талентираните ученици, но и да им покажеме дека го цениме нивниот труд, издвојуваме средства за стипендии за одлични ученици, за студентски стипендии, за награди на државни и меѓународни натпревари, награди за најдобри матуранти, но и за поддршка на првачињата кои прв пат седнуваат во училишните клупи.

Младите таленти се нашата иднина.”

-Напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски

И, искрено, благодарам на вашиот труд, но и на трудот и посветеноста на наставниците.

Ви посакувам мирно и убаво лето.

За авторот на оваа објава