ноември 5, 2026

Гоцевски: Уште една успешна делчевска приказна која ги поместува границите и го носи името на Делчево надвор од Македонија

721951089_27981261761474834_5005195685044422212_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски вчера (петок 12.06.2026 година) на покана на амбасадата на Република Словеника во Република Бугарија Наташа Бергел присусвуваше на прием по повод одбележувањето на 35 годишнината од независноста на Словенија.

Градоначалникот Гоцевски на приемот присуствуваше во придружба на претставници на бугарска компанија кои што потекнуваат од Делчево а успешно се занимаваат со својот бизнис со години од другата страна на границата.

ЌДенес имав чест заедно со претставниците на Рото-БГ да присуствуваме на приемот организиран од амбасадорката на Словенија, Nataša Bergelj, по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Словенија.

Особено радува фактот што компанија Рото-БГ на која сопствениците се од Делчево успешно го развива својот бизнис на бугарскиот пазар, претставувајќи пример за претприемништво, посветеност и континуиран раст. Ваквите компании се најдобри амбасадори на нашиот град и доказ дека со визија, труд и квалитет може успешно да се настапува и надвор од домашните граници.

Честитки за досегашните успеси и желби за уште многу нови пазари, партнерства и достигнувања. Делчево има со што да се гордее! 🇲🇰🤝🇸🇮”

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски.

За авторот на оваа објава