ноември 4, 2026

Преку локалната кампања “СЕ ДВИЖИМЕ БЕЗБЕДНО” до зголемена безбедност за основците во Делчево

795472537_1716826890444320_523090812186420640_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

.… првачињата од ООУ „Св.Климент Охридски“ учеа како безбедно и одговорно да учествуваат во сообраќајот. Тие научија што претставува сообраќајот, ги идентификуваа учесниците во сообраќајот, се запознаа  со сообраќајната сигнализација – сообраќајните знаци и семафорите наменети за пешаците и ги научија основните правила и прописите за нивно безбедно движење како што се: преминувањето на пешачки премин, чекањето зелено светло на семафорот за пешаци и движењето по тротоар и пешачка патека.  На улицата околу основното училиште тие практично го применија наученото, а од страна на стручните лица им беа потенцирани одредени опасни ситуации кои претставуваат ризик по нивната безбедност.

Овие активости се спроведуваат под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во организација на ОСБСП Делчево во соработка со МВР ОВР Делчево и МВР РЦГР – Исток, а од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се поддржани со обезбедување на сообраќајни боенки.

Извор: Општина Делчево

За авторот на оваа објава