ноември 5, 2026

Пештера “Коњска дупка” во село Град

IMG_2848_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Пештерата “Коњска дупка” во село Град е една од поубавите пештери во овој дел од државата.

Со постоењето на оваа пештера се поврзани голем број на легенди и преданија како и народни верувања. 

Влезот на самата пештера е со голем елиптичен отвор со димензии 1,6/3.5 метри по што доаѓа поголем отвор-одаја за која се верува дека во минатото била монашка просторија во која претстојувале монаси.

На самиот ѕид од одајата има траги на влага и натечен бакар. На еден од ѕидовите евидентен е  лик на светец, во стоечка положба, како и православен христијански крст, вгравирани во карпата. Од оваа влезна одаја со два помали тунелски отвори, еден кон десно и еден кон лево човек може да се движи подлабоко во пештерата. Десниот тунелски отвор е со висина од околу 60–80 cm и движењето низ него на човек е можно со ползење.

Левиот тунелски отвор е со дијаметар од околу 80-тина cm и истиот е вертикален нагоре во пештерата, а движењето низ него е можно со специјална алпинистичка опрема. Не се знае за должината т.е. длабочината на двата отвори.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава