
Јордан Белогаски е прв претседател на Општина Делчево по ослободувањето во Втората светска војна.
Роден е во Делчево 1916 година во екот на Првата Светска војна. Во родниот град го завршува основното училиште по што образованието го продолжил на учителската школа во Скопје.Во својот работен век бил учител во селото Ѕвегор и во неколку Радовишки училишта.
Во 1944 година по повлекувањето на воениот гарнизон на фашистичка Бугарија на 8 Септември од Царево Село (денешно Делчево) и 3 дена слободен Пијанец, на 11 Септември во Царево Село навлегуваат германските нацистички војски кои обезбедувале повлекување на главнината на германската војска по долината на Вардар. Царево Село повторно било окупирано но не и околните села. Н а состанокот одржан во село Град на кој присуствувале делегати од сите ослободени територии во Пијанец за претседател на НОО бил избран Јордан Белогаски а Васил Ѓоргов бил поставен за Секретар. Под директива на Обласниот комитет на КПЈ во Штип бил формиран Околиски Комитет на КПЈ за Пијанец а за негов секретар бил назначен Методи Митевски Брицо.
По завршувањето на Втората светска војна Јорфан Белогаски бил поставен за прв претседател на Делчево. Исто така бил началник за просвета на штипската околија, началник за оснбовање на училиштата во Народна Република Македонија.
Исто така бил директор на Етнолошкиот музеј во Скопје како и повеќе годишен политички функционер во Социјалистичка Република Македонија.
