НУЦК “Н.Ј.Вапцаров” Делчево со своја благодарност до сите кои допринесоа за величествената манифестација по повод јубилејот 150 години Разловечко востание

702465853_1579785297480649_856748558591886509_n
Сподели

Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево упатија своја искрена благодарност за нивните соработници со кои што заедно соработуваа во реализацијата на доверените проекти и активности во рамки на активностите за опремување на Спомен домот во Разловци и спроведување на активностите поврзани со самата манифестација на 18 и 19 мај.

“НУЦК „ Никола Јонков Вапцаров” ‑Делчево како носител на проектот за одбележување на 150 год. од Разловечко востание, поддржан од Министерството за култура и туризам, заедно со Општина Делчево, активно учествуваше во организацијата за одбележување на 150 години од Разловечкото востание.

Покрај самата организација за овој голем јубилеј, нашата установа паралелно работеше и на внатрешното уредување во Спомен домот, во кој за овој голем јубилеј се постави поставка, истотака проект подржан од Министерството за култура и туризам.

За да биде реализирана оваа историска поставка, беа ангажирани стручни лица, искрена благодарност до Проф. д‑р Ванчо Ѓорѓиев и кустос советник д‑р Мирјана Нинчовска. Благодарност до Управата за заштита на културното наследство, НУ Музеј на Р. С. Македонија ‑Скопје, НУ Музеј на македонската борба за самостојност ‑Скопје, Музеј на град Берово, кои дадоа свој допринос за поставување на поставката.

Благодарност до НУ Национален конзерваторски центар — Скопје како носител на проектот за конзерваторско — реставраторските работи на спомен домот, истотака проект поддржан од Министерството за култура и туризам.

Благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија проф. Д‑р Христијан Мицкоски, г‑дин Зоран Љутков и Министерството за култура и туризам, г‑дин Владо Мисајловски и Министерството за одбрана на Република Македонија, Генерал штабот, Кабинет на претседателката на Р. Македонија, пратеникот Драган Ковачки, Роберт Вељановски, директор на Драмски театар — Скопје, НУ за народни ора и песни Танец, АД Македонски пошти, Благодарност до Делчевско-каменичката епархија и владиката Марко, сите државни и локални институции, Културно уметнички друштва, здруженија, друштва, фирми, до сите граѓани коишто беа дел од одбележувањето на овој 150 годишен јубилеј и допринесоа да биде одбележан на едно високо ниво.

Благодарност до градоначалникот Иван Гоцевски и вработените во Општина Делчево за нивната посветеност и заложба и посебна благодарност до вработените во НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” ‑Делчево, коишто несебично и дополнително покрај активностите за одбележувањето работеа и на средувањето на спомен домот на Разловечкото востание, се со цел навремено да биде спремен за достојно одбележување на големиот јубилеј 150 години од Разловечкото востание.”

-напишаа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево на социјалните мрежи.

За авторот на оваа објава