НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево рамо до рамо со општина Делчево овозможи јубилеј за паметење на генерациите што доаѓаат

150_godini_Razlovecko_vostanie_292
Сподели

Позитивните импресии на сите учесници во манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востение не стивнуваат.

Тоа што во изминатите 4 месеци наголемо се подготвуваше доживеа целосен должен публицитет од сите релевантни локални и национални институции, до највисоко ниво во државата- Македонската влада и Македонската Претседателка.

Делегациите кои се поклонија пред новореконструираниот Спомен дом на Разловечкото востание во село Разловци беа импресивни по своето значење, така што со право можеме да констатираме дека ова е можеби најзначајниот настан кој пто се случил во општина Делчево од независноста на државата наваму.

За сето ова што можеше да се проследи на самиот настан, свој значителен придонес дадоа голем број поединци и институции а целата организација и координација околу самиот настан беше доверена на Општина Делчево и НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево.

Директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски заедно со вработените во Центарот целосно се посвети на реализацијата на своите активности кои им беа доверени како од страна на Министерството за култура и туризам така во соработка со општина Делчево и останатите лкални институции. За самата манифестација беа подготвени и испечатени голем број на промотивни материјали од страна на Центарот за култура со што дополнително се подигна нивото на репрезентативност на самите настани.

Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски додели и плакета за НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево за допринос за самата манифестација.

Објектот на Спомен домот на Разловечкото востание чиј сопственик е Центарот за култура од Делчево продолжува да работи во афирмација и развој на содржините во саммиот спомен дом и понатаму за што дополнително јавноста ќе биде запознаена во периодот кој следи.

Целата наша фото галерија од настанот е дадена во продолжение:

За авторот на оваа објава